Примена на средства за подигнување

Кога користите средства за подигнување (уред за подигнување, кран, синџири ...), придржувајте се до следниве точки:

  • Носете заштитна кацига според EN 397!
  • Придржувајте се до локалните закони за употреба на средства за подигнување.
  • Раководителот е одговорен за технички правилна употреба на средствата за подигнување!
  • Средства за прикачување
    • Користете само законски пропишани и дозволени средства за прикачување товар.
    • Изберете ја точката на подигнување врз основа на средствата за прикачување.
    • Прицврстете ги средствата за прикачување на точката на подигнување согласно локалните прописи.
  • Средства за подигнување
    • Пред употреба, проверете дали функционираат беспрекорно!
    • Доволна носивост.
    • Загарантирајте стабилност за време на употребата.
  • Процес на подигнување
    • Производот не треба да се заглави за време подигнувањето и спуштањето.
    • Не надминувајте ја максимално дозволената носивост!
    • Коа е потребно, назначете второ лице кое ќе ги координира работите (пр. во случај на блокиран поглед).
    • Никој не треба да се задржува под висечки товар!
    • Не пренесувајте го товарот преку работниот простор каде што се задржуваат луѓето!